• недела, 22 декември 2024

Двајца загинати и 450 уапсени за време на протестите во Чиле

Двајца загинати и 450 уапсени за време на протестите во Чиле
Сантјаго, 19 октомври 2021 (МИА) - Две лица загинаа, 56 се повредени, а 450 уапсени во судирите во Чиле за време на масовните улични протести по повод втората годишнина од социјалните немири во земјата. Протестите низ целата земја беа по повод собирите во октомври 2019 година, кои предизвика политички промени во земјата и доведоа до почеток на процесот за препишување на Уставот создаден за време на диктатурата на Пиноче. Најголеми немири се регистрирани во главниот град Сантјаго, каде што вандали нападнаа полициска станица и ограбуваа продавници и станбени згради, се наведува во полицискиот извештај. Властите приведоа 450 луѓе низ целата земја, 279 во Сантјаго, а 11 цивили и 45 полицајци беа повредени. Илјадници демонстранти излегоа на улиците на 50 локации низ земјата за да ја одбележат годишнината од уличните протести предводени од студентите и предизвикани од растот на цените на метрото. Владата на десничарскиот претседател и милијардер Себастијан Пинера тогаш беше под силна критика поради бруталниот одговор на безбедносните сили, кој вклучуваше сериозни прекршувања на човековите права. гт/

Остани поврзан