• недела, 22 декември 2024

Двајца жители на Врапчиште осомничени за попречување на правдата

Двајца жители на Врапчиште осомничени за попречување на правдата

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Гостивар донесело Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Попречување на правдата предвидено во член 368-а став 5 од Кривичниот законик.

-На 30 септември, во семејната куќа во која живееле двајцата роднини, тие како соизвршители спречиле судија на Основниот суд Гостивар да презема дејствија предвидени во постапка пред надлежен суд. Судијата вршел увид и преземал службени дејствија за прибирање докази за предмет во вонпранична постапка, кога двајцата осомничени употребиле сила за да го спречат и започнале да го туркаат. Судијата се повлекол во автомобилот заедно со шоферот и дактилографот, по што осомничените во два наврати се обиделе насилно да ја отворат вратата од возилото за да го нападнат, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради можноста да се дадат во бегство, да влијаат врз постапката или да го повторат делото. дма/сст/

Фотот:МИА архива

Остани поврзан