• сабота, 20 јули 2024

Дванаесет лица се повредени во сообраќајка во Чешка во која учествувало комбе со затворенички

Дванаесет лица се повредени во сообраќајка во Чешка во која учествувало комбе со затворенички

Прага, 20 јули 2024 (МИА) - Дванаесет лица се повредени во судир во Чешка меѓу комбе со затворенички и автомобил, јави ДПА. 

Шест лица се здобиле со умерени до сериозни повреди, според портпаролот на локалната служба за итни случаи.  

Во минибусот се превезувале 16 затворенички кои се превезувале на работното место надвор од затворот, како и возач и чувар. 

Несреќата се случила на околу 80 километри западно од Прага. Во спасувачката акција биле вклучени седум возила на брза помош и еден хеликоптер. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан