• понеделник, 23 декември 2024

Дваесет и четиригодишно момче почина по пад при градежни работи

Дваесет и четиригодишно момче почина по пад при градежни работи
Скопје, 7 јули 2022 (МИА) - Починал дваесет и четиригодишен кичевец кој паднал при изведување градежни работи со градежна машина во дворот на Н.Г.(69)  од селото Србица. -Во ОВР Кичево вчера во 17.40 часот било пријавено дека Ј.Е.(24) од кичевското село Зајас, при изведување градежни работи со градежна машина во двор сопственост на Н.Г.(69)  од селото Србица, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, по што починал во болницата во Тетово, соопштија од МВР. Увид бил извршен и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан