• понеделник, 23 декември 2024

Дваесет и три лица позитивни на Ковид 19 ќе гласаат во Штип ден пред Локалните избори

Дваесет и три лица позитивни на Ковид 19 ќе гласаат во Штип ден пред Локалните избори
Штип, 12 октомври 2021 (МИА) - Во сабота ќе гласаат 23 лица кои се позитивни на коронавирусот или се во изолација, информира денеска за МИА претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев. Ковид болните ќе бидат посетени од еден тим, односно од страна на тројца здравствени работници. - На денешната седница на ОИК-Штип од 149 барања  на болни и немоќни лица, заедно со лекар специјалист утврдено е дека 135 лица ги исполнуваат условите, кои се пропишани, вели Вацев. Во сабота гласаат и осудените лица во Затвор-Штип, каде што гласачкото место ќе биде отворено од 7 до 19 часот. Во недела на 17 октомври се отвораат сите 80 избирачки места во Општина Штип, а со право на глас се 42.045 граѓани. вдј/оџ/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан