• петок, 22 ноември 2024

Дваесет и две прекршувања на забраната за движење, 393 санкции за неносење маска

Дваесет и две прекршувања на забраната за движење, 393 санкции за неносење маска
Скопје, 18 април 2021 (МИА) - Од 20.00 часот (17.04.2021) до 05.00 часот (18.04.2021) констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 393 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19. ац/

Остани поврзан