Дански фудбалер возеше 27 часа од страв од коронавирусот во Шпанија
- Данскиот фудбалер Пионе Систо ја прекрши клупската дисциплина во Селта, влезе во автомобил и возеше 27 часа до родниот Копенхаген во „бегството“ од Шпанија и тамошната ситуација со коронавиру

Виго, 28 март 2020 (МИА) - Данскиот фудбалер Пионе Систо ја прекрши клупската дисциплина во Селта, влезе во автомобил и возеше 27 часа до родниот Копенхаген во „бегството“ од Шпанија и тамошната ситуација со коронавирусот.
На таков потег се реши од страв од заразата во Шпанија и суспензијата на сите летови, па единствена опција што му преостана беше да седне зад волан и да вози 3.000 километри до Данска.
Управата на Селта најави дека ќе следува казна за Систо штом се врати во клубот и екипата почне со тренинзи. сѓд/