• среда, 04 декември 2024

Данска усвои закон со кој се ограничува истакнувањето на странски знамиња

Данска усвои закон со кој се ограничува истакнувањето на странски знамиња

Копенхаген, 4 декември 2024 (МИА) - Данскиот Парламент усвои закон со кој од 1 јануари 2025 година се ограничува истакнувањето знамиња на други држави.

Министерот за правда Петер Хумелгард изјави дека новите правила ќе дозволуваат да се истакнува само националното знаме на Данска. - Знамето ги обединува Данците и заслужува посебен статус, нагласи министерот.

Новата законска регулатива не се однесува на знамињата на Финска, Фарските Острови, Гренланд, Исланд, Норвешка, Шведска и Германија, како и на регионалните или меѓународните организации како што се Обединетите нации и Европската Унија. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан