• понеделник, 23 декември 2024

Данската премиерка не ја исклучува саботажата како опција во врска со гасоводите Северен поток еден и два

Данската премиерка не ја исклучува саботажата како опција во врска со гасоводите Северен поток еден и два
Варшава, 27 септември 2022 (МИА) - Данската премиерка Мете Фредериксен смета дека не може да се исклучи саботажата како опција, по забележаните случаи на истекувања на гасоводите Северен поток еден и два, што треба да го однесат рускиот гас под Балтичкото Море до Европа. Таа се осврна на темата за време на отворањето на новиот гасовод што ја поврзува Норвешка со Полска. Претходно денеска Кремљ изрази загриженост поради истекувањата на гасоводите. - Ние навистина сме загрижени поради вестите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. На прашањето дали е можно да се работи за саботажа, тој одговори дека не може да биде исклучена ниту една опција. Шведските власти денеска соопштија дека се издадени предупредувања поради два случаја на истекување на гасоводот Северен поток еден во шведските и данските води, еден ден откако беше пријавено истекување од Северен поток два. Во моментот и двата гасовода не се во функција, но во цевките има гас. бд/паг/

Остани поврзан