Давид Ристов спортист на Виница за 2025, наградата за животно дело во спортот за Влатко Гошев
- За најдобар спортист за 2025-та година беше прогласен членот на мото клубот „Винеам“, Давид Ристов. За најдобра спортска екипа, титулата ја понесе ГФК „Слога 1934“, а плакета за високи меѓународни постигнувања доби кик боксерот Лука Змејковски.
Виница, 6 февруари 2026 (МИА) - Во Сината сала, во организација на Општина Виница, синоќа беа прогласени најдобрите спортисти, спортски работници, екипи и млади надежни.
За најдобар спортист за 2025-та година беше прогласен членот на мото клубот „Винеам“, Давид Ристов.
За најдобра спортска екипа, титулата ја понесе ГФК „Слога 1934“, а плакета за високи меѓународни постигнувања доби кик боксерот Лука Змејковски.
Плакета за животно дело во спортот на Виница му беше доделено на Влатко Гошев, а благодарници, ваучери и плакети им беа врачени на младите надежни спортисти на багминтон клубот „Винчини“ и на кошаркарскиот клуб „Виенам“.

Наградите ги доделија градоначалникот Митко Костадиновски и претседателот на Советот Гоце Василев.
Манифестацијата беше пропратена со богата музичко-забавна програма.ис/
Фото: МИА