Г-7 до крајот на годината ќе формира климатски клуб
- Лидерите на земјите-членки на Г-7 се согласија до крајот на годината да формираат „климатски клуб“, по предлогот на германскиот канцелар Олаф Шолц, јави германската новинска агенција ДПА
Берлин, 28 јуни 2022 (МИА) – Лидерите на земјите-членки на Г-7 се согласија до крајот на годината да формираат „климатски клуб“, по предлогот на германскиот канцелар Олаф Шолц, јави германската новинска агенција ДПА.
Лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и на САД ги поддржуваат целите на отворен и кооперативен меѓународен климатски клуб и ќе работат со партнерите за негово формирање до крајот на 2022 година, се наведува во заедничката изјава од Самитот на Г-7.
Во декларацијата исто така се наведува дека Г-7 се обврзува на високо декарбонизиран транспортен сектор до 2030 година, целосно или доминантно декарбонизиран енергетски сектор до 2035 година, додека како приоритет се наведени и конкретни и навремени чекори за постепеното укинување на производството на јаглен. ми/