• четврток, 21 ноември 2024

Г-7 вети дека ќе ја засили кампањата против олигарсите и уште повеќе ќе ја изолира руската економија

Г-7 вети дека ќе ја засили кампањата против олигарсите и уште повеќе ќе ја изолира руската економија
Вашингтон, 8 мај 2022 (МИА) - Лидерите на Г-7 објавија заедничка изјава во која ветија поголема изолација на руската економија и засилување на кампањата против руските елити кои го поддржуваат претседателот Владимир Путин. - Седумдесет и седум години подоцна, претседателот Путин одлучи да ја нападне Украина со неиспровоцирана агресија. Неговите постапки се срамни за Русија и историските жртви на нејзиниот народ, се наведува во изјавата. Лидерите, на кои на онлајн состанокот им се придружи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, ветија дека „постепено ќе ја укинат зависноста од руската енергија, вклучително и увозот на нафта“. Тие го повикаа претседателот Путин да ја прекине блокадата што го попречи производството на храна во Украина и ветија дека ќе продолжат со кампањата против финансиските елити кои го поддржуваат шефот на руската држава. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан