• недела, 22 декември 2024

Гутереш од Москва: Прекин на огнот што е можно поскоро

Гутереш од Москва: Прекин на огнот што е можно поскоро
Москва, 26 април 2022 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш бара начини да ги запре борбите во Украина што е можно побргу. Гутереш го изјави ова за време на денешната посета во Москва, јавија локални медиуми. - Навистина сме заинтересирани да најдеме начини, да создадеме услови за ефективен дијалог, да создадеме услови за прекин на огнот што е можно поскоро, да создадеме услови за мирно решение, истакна Гутереш на почетокот од разговорот со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. бд/јт/

Остани поврзан