• сабота, 23 ноември 2024

Гутереш: Застрашувачки е билансот од пандемијата

Гутереш: Застрашувачки е билансот од пандемијата
Њујорк, 29 септември 2020 (МИА) - Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш изјави дека е „застрашувачка бројката“ на луѓе кои починале од последици од Ковид-19. Неговата изјава уследи откако беше објавено дека бројот на починати во светот од последици од новиот коронавирус денеска надмина еден милион лица. Со Ковид-19 досега се заразени над 33,26 милиони луѓе ширум светот, а од последици на Ковид-19 починаа 1.000.010 лица. Тој нагласи дека е неопходно сите земји во светот да се обединат во борбата против новиот коронавирус. - Важно е одговорното политичко раководство, науката е важна, соработката е важна, а дезинформациите се смртоносни. Додека се потсетуваме на жртвите од пандемијата, мораме да запамтиме дека нашата иднина се заснова на солидарноста помеѓу луѓето и на солидарноста помеѓу народите, посочи Гутереш. ми/

Тагови

Остани поврзан