• петок, 22 ноември 2024

Гундоган: Не жалам што играв за Барса, тоа беше мојот детски сон

Гундоган: Не жалам што играв за Барса, тоа беше мојот детски сон

Манчестер, 21 септември 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Илкај Гундоган го сподели своето мислење за играњето за Барселона минатата сезона.

-Не жалам што се преселив во Барса. На крајот на краиштата, играв за еден од најдобрите клубови во светот. Го остварив мојот детски сон играјќи за Барса, го цитира Гундоган новинарот Фабрицио Романо.

Гундоган за Барселона одигра 51 натпревар, постигна пет гола и 14 асистенции.

Во својата кариера, Гундоган има настапувано и за Борусија Дортмунд, Нирнберг и Бохум. Дел од германската репрезентација е од 2011 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан