• недела, 22 декември 2024

„Гугл“ воведува привремените е-адреси

„Гугл“ воведува привремените е-адреси

Лос Анџелес, 18 ноември 2024 (МИА) - Привремените адреси за е-пошта (згора на сѐ и потполно бесплатни), се чини, не се нешто ново, иако ниедна поголема платформа досега не ја понуди оваа можност. Таа состојба наскоро би можела да се промени, пишуваат американските медиуми.

Имено, „Андроид ауторити“ (Android Authority) ги пренесува наводите за новата апликација „Шилд мејл“ (Shield Email). Концептот е едноставен: „Гугл“ нуди привремена адреса за е-пошта што корисниците можат да ја дадат на трета страна, наместо нивната вистинска адреса. Откако ќе добие е-пошта на привремена адреса, таа се препраќа во „вистинското“ сандаче. Откако корисникот ќе одлучи дека не сака да прима е-пошта на привремена адреса, може лесно да ја отстрани наместо да се занимава со филтри за спам и слично.

Покрај тоа, гласините говорат и дека корисниците на „Џи-маил“ (Gmail) може да имаат повеќе од една заштитена е-адреса. Но, има и можност оваа новост никогаш да не заживее, велат познавачи.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан