ГС на ОН му дозволи на палестинскиот претседател да се приклучи на годишната сесија преку видео врска
- За резолуцијата се гласаше откако САД соопштија дека нема да му издадат виза на Абас за патување во Њујорк.
Њујорк, 19 септември 2025 (МИА) - Генералното собрание на ОН пред два дена му дозволи на палестинскиот претседател Махмуд Абас да се придружи на дебатите за општа политика следната недела на неговата годишна сесија преку видео врска, јавија британските медиуми.
Резолуцијата беше усвоена со 145 гласа „за“, пет „против“ и шест „воздржани“.
За резолуцијата се гласаше откако САД соопштија дека нема да му издадат виза на Абас за патување во Њујорк.сд/
фото:МИА архива