• петок, 20 декември 2024

Грчкиот Парламент го ратификуваше Договорот за одбранбена соработка Грција – САД

Грчкиот Парламент го ратификуваше Договорот за одбранбена соработка Грција – САД
Атина, 12 мај 2022 (МИА) – Со 181 глас „за“ и 119 „против“ грчкиот Парламент вечерва го ратификуваше вториот изменет протокол на Договорот за взаемна одбранбена соработка меѓу Грција и САД, јави дописничката на МИА од Атина. Обновената верзија на заедничкиот договор меѓу двете земји ја поддржаа пратениците од владејачката Нова демократија и опозициската ПАСОК- Движење на промена, како и двајца независни пратеници. На гласањето му претходеше целодневна расправа во Парламентот, а на седницата се обратија и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, кои ги претставија нивните позиции. Попладнево, во пресрет на гласањето Комунистичката партија на Грција одржа протест против војната, против договорот со САД и против НАТО. Договорот меѓу Грција и САД, што е во траење од пет години, во октомври минатата година го потпишаа Блинкен и Дендиас во Вашингтон. Ратификацијата доаѓа само неколку дена пред официјалната посета на грчкиот премиер на САД в понеделник и вторник и средбата со американскиот претседател. ср/ссм/

Остани поврзан