• недела, 22 декември 2024

Грчката претседателка ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора

Грчката претседателка ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора
Атина, 15 септември 2022 (МИА) – Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора, а денеска телефонски разговараше со кралот Чарлс Трети, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од кабинетот на грчката претседателка, Сакеларопулу му изразила сочувство на кралот, но и му честитала за преземањето на тронот и изразила уверување дека „одличните односи меѓу двете земји уште повеќе ќе се зајакнат за време на неговото владеење“. Грчката претседателка утре ќе се потпише во книгата на жалост во Амбасадата на Велика Британија во Атина, додека пак грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, веќе се потпиша. - Во име на грчкиот народ би сакал да ја изразам мојата длабока тага за загубата на кралицата. Таа беше навистина извонреден лидер и нè инспирираше сите нас со нејзиното незаменливо чувство за должност. На кралот му посакуваме сила и истрајност, напиша Мицотакис. ср/ми/

Остани поврзан