Грчката полиција промовира нов тим за управување со јавни собири
- За време на денешните мали собири во Атина за одбележување на годишнината од студентскиот бунт против хунтата, грчката полиција го активираше новиот тим за управување и одредување на јавни со

Атина, 17 ноември 2020 (МИА) – За време на денешните мали собири во Атина за одбележување на годишнината од студентскиот бунт против хунтата, грчката полиција го активираше новиот тим за управување и одредување на јавни собири, јави дописничката на МИА од Атина.
Станува збор специјално обучен тим од 46 полицајци, од кои поголемиот број (28) се жени и задолжени се за управување на протести од мала или средна опасност, како и за комуникација со организаторите за да се избегнат тензии.
Немаат оружје, а се опремени со радиостаници, свирче, светло и сет за прва помош.ср/сд/