• петок, 22 ноември 2024

Група граѓани собрани во близина на „Св. Спас“, безбедносната зона може да ја минат само акредитираните делегации и новинарски екипи

Група граѓани собрани во близина на „Св. Спас“, безбедносната зона може да ја минат само акредитираните делегации и новинарски екипи

Скопје, 4 февруари 2023 (МИА) - Група граѓани се собраа во близина на црквата „Свети Спас“ во Скопје пред безбедносната зона на местото до каде што дозволува пристап полицијата.

Дел од нив се обидуваат да стигнат до црквата и да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев во чест на 151-годишнината од неговото раѓање.  

Во околина на црквата има големо присуство на полициски службеници, а како што беше и претходно најавено во „Свети Спас“, односно да ја поминат безбедносната зона, им се дозволува на претходно најавените делегации и акредитираните медиумски работници.

Во црквата „Свети Спас“ од изутринава почна одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Цвеќе на гробот на великанот положија претседателот на државата Стево Пендаровски,  владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав беа и првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби и министрите за внатрешни работи, одбрана и култура, Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска-Стојчевска, собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и делегации на државни институции, партии и граѓански здруженија. Цвеќе положи и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

null

Според најавите од бугарското МВР, се очекува во Скопје да допатува и бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев. Демерџиев денеска изјави дека околу сто до 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје на одбележување на раѓањето на Гоце Делчев.

Како што јави БТА, тој очекува дека ќе бидат исполнат ветувањата на властите во земјава дека без никакви проблеми ќе бидат пуштени бугарските државјани, кои сакаат  да дојдат во Скопје.

Новиот бугарски министер за правда, Иван Демерџиев, најави рече дека ќе поднесе барање за предвремено прекинување на мандатот на главниот обвинител на земјата, Иван Гешев, јави дописникот на

Во бугарската делегација, која ќе положи цвеќе на гробот на Делчев денеска на одбележувањерто во црквата „Свети Спас“ ќе бидат и министерот за здравство на Бугарија, Асен Меџидиев и заменик-министерот за внатрешни работи Венцислав Катинов.

- Има податоци дека се запрени бугарски граѓани, не знам колку се точно. На крајот на денот ќе имам информација и колку се оправдани мотивите за тоа, изјави Демерџиев. Тој додаде дека има листа со бугарски државјани, на кои нема да им биде дозволен влез, но како што посочи таа листа не е голема.

Тој планира да ги почека оние Бугари, кои сакаат да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев, за да можат заедно со нив да ја одбележи годишнината од раѓањето на Делчев.

- Гоце Делчев е личност, која и припаѓа на историјата и не може почитта кон таква личност да се изразува со насилство. Почитта се изразува со уважување. Насилството ги урива мостовите и ако сакаме да бидеме дел од Европа, треба да градиме, а не да уриваме, нагласи Демерџиев и ги повика политичарите да не подлежат на никакви провокации.

Делегација на предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и група граѓани од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се упатија кон црквата „Свети Спас“ каде положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев. Мицкоски во изјава за медиумите рече дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со Патриотскиот институт со овој марш сакаат да го одбележат денот на раѓањето на Гоце Делчев.

Во црквата „Свести Спас“ влез имаат само акредитирани делегации и новинари кои поминуваат низ повеќе безбедносни проверки.  см/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан