• понеделник, 13 мај 2024

Грузија го одбележува Денот на незвисноста – 26 Мај

Грузија го одбележува Денот на незвисноста – 26 Мај

Скопје, 26 мај 2023 (МИА) - Севкупните односи помеѓу Грузија и Северна Македонија бележат нагорна линија по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година, кои меѓу другото, се гледаат и низ призмата на реализираните активности на почесните конзули. Почесните конзулати на Грузија во Скопје и Штип ќе го продолжат својот проактивен пристап во насока на зближување на двете држави и народи градејќи мостови на пријателство и соработка.

Ова го наведува проф. д-р Марко Андонов, почесен конзул на Грузија во Скопје, по повод денот на независноста на Грција - 26 Мај. Почесен кнзул на Грузија е и Дарко Гацов од Штип.

Во пресрет на денот на независноста, посочува Андонов, вчера, на големиот екран поставен на централниот плоштад во Скопје, се „вееше“ знамето на Грузија.

-Овој чин беше дел од честитката до Грузија и грузискиот народ упатена од почесните конзули на Грузија во Република Северна Македонија со седишта во Скопје и Штип, посочува Андонов. вг/са/

Остани поврзан