• четврток, 05 декември 2024

Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата

Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата

Тбилиси, 4 декември 2024 (МИА) - Полицијата во Тбилиси го уапсила лидерот на една од четирите главни опозициски партии во Грузија, Ника Гварамија, откако претходно бил претепан и онесвестен, соопшти денеска неговата партија.

Партијата „Коалиција за промени“ на платформата Х објави видео на кое се гледа како Ника Гварамија во бесознание е носен од неколку мажи, кои го држат за раце и нозете по улицата.

Во соопштението се наведува дека Гварамија бил „фрлен во полициско возило и покрај тоа што бил физички нападнат и онесвестен“.

Оваа јужнокавкаска држава западна во политичка криза бидејќи Грузијците секојдневно се излезени на големи улични протести, поддржани од опозициските партии, против одлуката на владата да ги прекине преговорите за пристапување на земјата во Европската унија.сд/

фото:Грузија денес

Остани поврзан