• недела, 22 декември 2024

Груевски е уште во Будимпешта, но измените на Кривичниот закон добро им дојдоа на други функционери на ВМРО-ДПМНЕ, вели Пендаровски

Груевски е уште во Будимпешта, но измените на Кривичниот закон добро им дојдоа на други функционери на ВМРО-ДПМНЕ, вели Пендаровски

Скопје, 19 октомври 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски вечерва во интервју за „Клик плус“ на ТВ21 го искоментира потпишаниот указ за измените на Кривичниот законик и изнесените обвинувања од страна на опозицијата.

-Опозицијата ме обвинува дека со потпишувањето на указот за измените на Кривичниот законик сум се додворувал на СДСМ и ДУИ за поддршка за втор мандат и дека измените на Кривичниот законик се однесуваат на сегашните функционери, кои кога нема да бидат на власт нема да одговараат бидејќи ќе го нема членот 353, истакна претседателот Пендаровски. Но, доколку е така, тој додаде, нека објаснат како измените, односно често споменуваниот член 353 ги опфаќа и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ како Антонијо Милошоски, Игор Јанушев, Миле Јанакиески, Димитар Димовски. Тој додаде дека се слушаат наводи дека измените на Кривичниот законик се прават за амнестирање на поранешниот премиер Груевски и негово враќање во земјата, но еве помина веќе месец и пол, а Груевски е во Будимпешта, рече Пендаровски.

Тој додаде дека „опозицијата направи кворум за донесувањето на измените на Кривичниот законик и е последна која треба да коментира за ова прашање“.

На новинарско прашање дали Сашо Мијалков и екс премиерот и бегалец Никола Груевски ќе влијаат врз пратениците, Пендаровски вели дека Мијалков е тука и доколку сакал да влијае, можел.

-Мијалков е тука, ако тој сакаше да влијае врз пратениците, тој можеше. Додека ја служи затворската казна, направи најголема свадба во регионот. Тоа се шпекулации, или во врска на Кривичниот законик од штабот на дезинформации од палатата на ВМРО-ДПМНЕ за Груевски да се врати. Сега велат дека се очекува некаква одлука на Врховниот суд за навистина да се врати, порача Стево Пендаровски.

Шефот на државата истакна дека во државава намерно се застаруваат предмети и според него, мора да се открие зошто е тоа така.

-Јас сум прислушкуван цели три години, тој предмет е три пати враќан на повторно судење. Зошто не е завршен до сега? Тука има опструкции кои се правени на страна на дел од судиите. Осум години не може да осудите предмет… Вие може да барате изговори… Добрила Кацарска го осуди најкомплексниот случај 27 април, дење ноќе имаше рочишта и го донесе до правосилна одлука. Значи се можело. Јас не навлегувм во казните и доказниот материјал, но многу уникатен случај, но ја заврши работата. За висината на казната може да се сложуваме или не. Еве да се вратиме за Сончев Град, во обвиниението стоело дека Јанакиески го направил делото во 2007 година, 16 години сме до првостепена одлука. Сакам да видиме зошто го прават тоа. Гледам што се се прави со тоа намерно забошотување на предмети, вчера застаре предмет во кој беше Мијалков, во февруари застари предмет за кој новинарите одбројуваа, и нема одговорност и судскиот совет да реагира. Јас бев со 10 луѓе во 2016 кога доаѓавме на власт, кои се согласивме со аргументицијата на Брисел. Искрено ми е жал што не се спротивставивме на тоа, вели Пендаровски.

Тој вели дека е иритиран од фактот што делото е застарено и дека никој нема да одговара за прислушувањето.

-Тоа е од правните консеквенци. Значи кога државата преку судиите во конкретниов случај не си ја врши својата работа, години, години, што друго. Значи вие не можете целиот живот да го држите некого 20, 30 години, и викате уште неколку години ни треба да го осудам. Овие центри на политичка или економска моќ кои влијаеле тие судии да не ги осудат предметите во некој разумен рок, тоа ќе го прават и наредните 10, 15 години и без измените на Кривичниот зако, вели Пендаровски. нд/мд/ 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан