• петок, 22 ноември 2024

Грлиќ Радман: Ситуацијата на Западен Балкан се влошува, Хрватска за посилен пристап кон регионот

Грлиќ Радман: Ситуацијата на Западен Балкан се влошува, Хрватска за посилен пристап кон регионот
Брисел, 15 ноември 2021 (МИА) - Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман денеска во Брисел изјави дека ситуацијата на Западен Балкан се влошува, поделбите се продлабочуваат и дека се видливи заканите за демократијата и интегритетот. Грлиќ Радман пред средбата на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ  предупреди на зајакнување на унитаризмот и сепаратизмот и растот на нестабилноста во БиХ. - Клучот за решение е целосно почитување на принципот на еднаквост на трите конститутивни народи. Реформата на изборното законодавство е клучно стратешко прашање и тука ни треба итен напредок, рече Грлиќ Радман пред состанокот на кој беше застапен Западен Балкан како една од темите. Тој нагласи дека е неопходно да се зачува територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан и демократијата и дека Хрватска, заедно со другите земји од ЕУ, „се залага за посилен политички пристап кон регионот“. - Ниту едно мешање однадвор и внатре не е прифатливо. Потезите и изјавите што одекнуваат од 1990-тите мора да престанат, рече Грлиќ Радман. паг/  

Остани поврзан