• петок, 12 јули 2024

Грлиќ Радман: НАТО посилно да се ангажира во Западен Балкан

Грлиќ Радман: НАТО посилно да се ангажира во Западен Балкан
Берлин, 15 мај 2022 (МИА) - Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман синоќа пред неформалниот состанок на НАТО во Берлин истакна дека Алијансата треба посилно да се ангажира во Западен Балкан. - Ќе ја нагласам потребата од посилен ангажман на НАТО во Југоисточна Европа и Западен Балкан кога станува збор за демократијата и сите други реформски процеси во тие земји, со цел да се охрабрат земјите во нивните напори да влезат во НАТО, истакна Грлиќ Радман. Тој се осврна на кризата во Босна и Херцеговина и потребата од промена на изборниот закон, што треба „да го одрази усвојувањето на тие важни измени кои ќе ја регулираат еднаквоста на трите конститутивни народи во согласност со Дејтонскиот и Парискиот договор“. - Само институционално функционална Босна и Херцеговина заснована на овие основи на еднаквост на трите конститутивни народи и другите граѓани може да биде просперитетна и може да постигне европска перспектива и членство во НАТО, посочи Грлиќ Радман. ми/

Остани поврзан