• петок, 22 ноември 2024

Грковска – Ларсон Џеин: Шведска е партнер и силен поддржувач на Северна Македонија за ЕУ

Грковска – Ларсон Џеин: Шведска е партнер и силен поддржувач на Северна Македонија за ЕУ
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше средба со новоименуваната амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија Ами Ларсон Џеин,Вицепремиерката Грковска на амбасадорката Ларсон Џеин и посака добредојде и успешно извршување на мисијата. Грковска изрази верување дека  во наредниот период ќе се продлабочи добрата и интензивна соработка меѓу Република Северна Македонија и Шведска, соопшти владината прес-служба.- Кралството Шведска ќе претседава со Советот на Европската Унија во првата половина на 2023 година и убедена сум дека Северна Македонија ќе има силен пријател и поддржувач нашиот интегративен процес да продолжи со несмалено темпо. Отворањето на пристапните преговори со Европската Унија е од клучно значење за забрзување на реформската агенда во земјава-, нагласи вицепремиерката Грковска.
Амбасадорката Ларсон Џеин рече дека двете земји имаат билатерална соработка во многу области од заеднички интерес, како што се демократијата, родовата еднаквост и животната средина. Таа нагласи дека неодамна е усвоена Стратегијата на Шведска за Западен Балкан и за Турција, во рамките на која за нашата земја ќе бидат одвоени шест милиони евра.
Вицепремиерката Грковска истакна дека, во процесот на скринингот и почетокот на пристапните преговори со ЕУ, за нас е многу важна експертската поддршка од Шведска и нејзиното искуство во градењето на силни демократски и отчетни институции.
Двете соговорнички се согласија дека е добро меѓусебната соработка  да ја продлабочат во делот на унапредување на транспарентноста на институциите, но и за поблиска соработка со младите кои се клучни за развојот на државата, стои во соопштението од прес-службата на Владата.са/дма/

Остани поврзан