Грковска ќе се обрати на работилницата „Институции за граѓаните“
- Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска ќе се обрати на работилницата „Институции за граѓаните“, посветена на вредностите на доброто управување со јавната администрација.

Скопје, 22 ноември 2023 (МИА) - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска ќе се обрати на работилницата „Институции за граѓаните“, посветена на вредностите на доброто управување со јавната администрација.
Настанот е во организација на Центарот за управување со промени, во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ и се спроведува во соработка со Владата на Република Северна Македонија, а со поддршка од Владата на Обединетото Кралство.
Како што иформираат од владината прес-служба, освен Грковска, на работилницата ќе се обратат и Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство и Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени.
На настанот ќе се презентираат клучните вредности и стандарди што ја сочинуваат концепцијата на добро управување, а кои сега се вклучуваат како интегрален дел на работата на јавната администрација. Исто така, ќе биде претставен нов метод на планирање и следење на јавните политики преку јасни цели и мерливи индикатори, кој веќе е тестиран во секторите јавна администрација, земјоделство и економија. фф/нд/
Фото: МИА Архива