• петок, 22 ноември 2024

Грковска се сретна со претставници на НКЕУ-МК

Грковска се сретна со претставници на НКЕУ-МК

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) - Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска денеска одржа средба со универзитетските професори Милева Ѓуровска, Марина Митревска и Драган Тевдовски, како претставници на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК). 

Како што соопшти владината прес-служба, НКЕУ-МК е демократски форум за отворен и транспарентен дијалог за прашања поврзани со Пристапните преговори за членство во Европската Унија.
 
- Претставниците на НКЕУ-МК ја информираа вицепремиерката Грковска за досегашните активности на оваа платформа, која изминативе седум години активно работи на развивање на широка и стручна партиципативност во подготовката на релевантни содржини. Од нивната досегашна работа, од кластерска перспектива, произлегле 600 публикувани препораки до државните институции, стои во соопштението.  

Повод за денешната средба е новата етапа во работата на НКЕУ-МК, која се фокусира на борбата со корупцијата и заштитата на финансиските интереси на државата.

- Во таа насока, беше побарана поддршка и вклучување на вицепремиерката за добро владеење во активностите на новоформираната Работна група за антикорупција, која во наредниот период ќе работи на препораки за подобрување на управувањето со јавните финансиии и фискалната транспарентност, со цел намалување на можностите за коруптивно однесување во јавниот сектор, се вели во соопштението.

Вицепремиерката Грковска изрази подготвеност за поддршка на Националната конвенција за ЕУ и истакна дека во сите активности поврзани со пристапниот процес мора да се подобрува и информираноста на граѓаните за придобивките од членството во Европската Унија. мд/сп/

Фото: Влада 

Остани поврзан