• понеделник, 25 ноември 2024

Грковска - Која: Мисијата на ОБСЕ е голем поддржувач на реформските процеси за добро владеење

Грковска - Која: Мисијата на ОБСЕ е голем поддржувач на реформските процеси за добро владеење
Скопје, 30 јуни 2022 (МИА) - Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, со кого разговараше за реформските процеси и за следните чекори и активности во контекст на нашето претседавање со Организацијата во 2023 година.На состанокот, како што информира владината прес-служба, вицепремиерката Грковска истакна дека поддршката и соработката со Мисијата на ОБСЕ за нашата држава е од големо значење, особено во делот на искуствата и експертизата која ја добиваме при креирање на антикорупциски политики, интегритетот и доброто владеење.
-Грковска ја потврди цврстата определба на Владата за посветеноста на реформскиот процес при што нагласи дека Кабинетот интензивно работи на обуките за интегритет за избраните и именуваните функционери, како и на креирање антикорупциски политики кои ќе бидат долгорочни и одржливи. Во таа насока информираше и за процесот на подготовка на нов закон за потекло на имотот, се наведува во соопштението.На средбата вицепремиерката истакна дека Северна Македонија се залага за време на претседавањето од ОБСЕ да се покрене нивото на јавна дебата за доброто владеење, борбата со корупцијата и личниот интегритет како основи за стабилни и силни демократии.
-Од страна на амбасадорот Клемент Која беше нагласено дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да соработува со институциите во спроведувањето на реформските процеси. На средбата стана збор и за соработката со Државната комисија за спречување на корупција, Бирото за јавни набавки и граѓанските организации, при што вицепремиерката Грковска информираше дека еднаш во месецот Кабинетот има средба со невладините организации кои работат на теми за антикорупција и добро владеење, соопшти прес-службата на Владата. хс/дма/

Остани поврзан