• петок, 22 ноември 2024

Владата во соработка со Метаморфозис ќе подготви нова Стратегија за транспарентност

Владата во соработка со Метаморфозис ќе подготви нова Стратегија за транспарентност

Скопје, 13 февруари 2023 (МИА) - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со цел подготовка на нова Стратегија за транспарентност на Владата, која ќе придонесе кон подобрување на транспарентноста и отчетноста на Владата и институциите врз основа на принципите за соработка со граѓанското општество и размена на знаења и искуства.

Стратегијата за транспарентност, како што информираат од владината Прес-служба, ќе има за цел да послужи како механизам за поврзување и усогласување на веќе донесените стратешки документи и законската рамка, кои на директен или индиректен начин ја подобруваат транспарентноста на домашните институции.

Потпишувањето на овој Меморандум следи по Иницијативата на вицепремиерката Грковска и задолжувањето на институциите од јавниот сектор да го зголемат обемот на информации од јавен карактер што ги објавуваат на своите веб-страници, со што значајно ќе се унапреди транспарентноста и отчетноста на институциите.

Со креирањето на овој стратешки документ, правилата за комуникација на институциите со граѓаните и начелото на транспарентност ќе бидат операционализирани и унапредени.Стратегијата за транспарентност на Владата ќе биде подготвена преку широк консултативен процес. дма/сп/

Остани поврзан