• понеделник, 23 декември 2024

Грковска-Холштајн: Го продолжуваме партнерскиот однос за унапредување на најдобрите практики за остварување на стратешките цели

Грковска-Холштајн: Го продолжуваме партнерскиот однос за унапредување на најдобрите практики за остварување на стратешките цели
Скопје, 7 февруари 2022 (МИА) - Повеќе актуелни прашања, со фокус на целите и реализацијата на визијата за унапредување на принципите на добро управување, одговорност, отчетност, транспарентност и чесно работење, се дел од темите на кои заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска разговарала на денешната средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, Анке Холштајн.
На средбата, како што информираат од владината прес-служба, германската амбасадорка и посакувала на Грковска успешно реализирање на поставените цели за време на мандатот.
Вицепремиерката Грковска потенцираше дека нејзина најголема определба е остварување на процесите кои се клучна алатка во борбата против корупцијата, меѓу кои дигитализацијата односно воспоставувањето на електронски систем за пријавување корупција и воспоставувањето на партнерство со останатите институции, како и преземање мерки во насока на зголемување на нивната професионализација.
Како што e наведено во соопштението, соговорничките се согласиле и изразиле подготвеност за соработка и поддршка во насока на подобрување на мерките и законската рамка во делот на потеклото на имот и јакнење на капацитетите на финансиските институции.
На средбата било посочено дека реформите во јавната управа и администрација со јасно утврдени надлежности и одговорности ќе помогне во остварувањето на основните и напредни принципи на добро управување како стратешки принципи на политиките на оваа Влада. фф/дма/

Остани поврзан