• петок, 22 ноември 2024

Грифитс: Глад во Буркина Фасо, некои жители јадат само листови

Грифитс: Глад во Буркина Фасо, некои жители јадат само листови
Уагадугу, 21 октомври 2022 (МИА) - Некои жители на Буркина Фасо јадат само листови со недели, изјави заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс за ситуацијата во таа земја, која ја посети. „Растечката несигурност и блокадите во многу области доведоа до изолација на некои заедници и зголемен глад. Хуманитарните работници се борат да дојдат до оние луѓе на кои им е потребна помош“, наведе Грифитс во писмената изјава по вчерашната посета. „На четвртина од петте милиони жители на Буркина Фасо итно им е потребна помош. Тој број е за 40 отсто поголем отколку на почетокот на годината“, додаде Грифитс. За да се обезбеди таа помош потребни се 805 милиони долари, за што има план, но собрана е помалку од една третина од таа сума. Посетата на Грифитс следи по вториот воен удар во земјата за помалку од девет месеци. Во различни вооружени конфликти оваа година загинаа 3.200 луѓе, двојно повеќе од минатата година. Грифитс успеа да го посети опколениот северен град Џибо, со 370.000 жители, каде што децата умираат од глад. „Немаме храна, немаме ништо. Јадеме само лисја“, рече жителот на Џибо, Дауда Маига. Тој додаде дека „помошта е недоволна, со неколку хеликоптери кои повремено летаат, а камионите кои се обидуваат да му се приближат на градот наидуваат на заседа“. паг/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан