• среда, 17 јули 2024

Грин за инцидентот на Нуркиќ: Обично не се извинувам, но сега ќе се извинам, ударот беше ненамерен

Грин за инцидентот на Нуркиќ: Обично не се извинувам, но сега ќе се извинам, ударот беше ненамерен

Феникс, 13 декември 2023 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Дрејмонд Грин беше исклучен на натпреварот одигран изутринава против Феникс санс поради инцидент со противничкиот центар Јусуф Нуркиќ.

На почетокот на третата четвртина, Грин со рака го удри противничкиот играч во лице. Пред ова кошаркарите се бореа за позиција.

- Ми го повлече колкот и јас се свртев за судиите да видат дека има прекршок и стапив во контакт со него. Јас не сум од оние кои се извинуваат за тоа што сакав да го направам, но ќе му се извинам на Јусуф затоа што немав намера да го удрам,. Ударот беше ненамерен. Само се обидував да нагласам дека таму има прекршок. Јас не сум злосторник. Само сакав да им укажам на судиите затоа што ме зграпчи и ми го повлече колкот назад, изјави Грин.

За неспортскиот потег Грин доби исклучувачка грешка, а се соочува и со казна од НБА. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан