• недела, 22 декември 2024

Грета Тунберг испратена на суд поради вториот протест за климата во Шведска

Грета Тунберг испратена на суд поради вториот протест за климата во Шведска

Копенхаген, 15 септември 2023 (МИА) - Шведската активистка за климата, Грета Тунберг, ќе мора уште еднаш да оди на суд за втор недозволен протест летото што го наруши сообраќајот во градот Малме во јужна Шведска.

Јавното обвинителство во Стокхолм денеска соопшти дека покренало обвинение против „млада жена“ која учествувала во неовластени демонстрации за климата таму на 24 јули.

-Жената одби да ги исполни полициските наредби да ја напушти локацијата. Оттука, прекршокот е непочитување на јавниот ред, рече помошникот јавен обвинител Изабел Екберг во соопштението за печатот.

Обвинителите одделно потврдија за ДПА дека жената е 20-годишната Тунберг. Новиот датум на судење во Окружниот суд во Малме се очекува да биде 27 септември.

Тунберг беше казнета на 24 јули во Малме затоа што не ги следела полициските инструкции на протестот во јуни. Таа призна дека учествувала во акцијата и дека ги игнорирала полициските упатства, но негираше дека станува збор за кривично дело.

Неколку часа по таа пресуда, таа учествуваше на уште еден протест. Ова доведе до објавување на судската покана. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан