• петок, 22 ноември 2024

Гренел потврди дека заминува од амбасадорското место во Германија

Гренел потврди дека заминува од амбасадорското место во Германија
Вашингтон, 24 мај 2020 (МИА) - Специјалниот пратеник на американскиот претседател за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел потврди денеска дека заминува од функцијата амбасадор на САД во Германија. Тој на својот Твитер налог напиша „Вистина“, одговорајќи на објавата на „Дејли Вајера“ дека заминува од амбасадорското место. Гренел освен што беше амбасадор, времено ја извршуваше и функцијата вршител на должност шеф на сите безбедносни служби на САД. гт/

Остани поврзан