Грег Попович: Никогаш порано не сум почувствувал таква одговорност
- Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович, призна дека чувствувал голем товар на патот до златниот медал на Олимпијадата во Токио.
Токио, 7 август 2021 (МИА) - Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович, призна дека чувствувал голем товар на патот до златниот медал на Олимпијадата во Токио.
- Секоја титула во лигата е нешто посебно. Секој тим со кој работите е посебен. Но, да бидам искрен, никогаш порано не сум почувствувал толку голема одговорност. Толку многу луѓе ве следат, вие претставувате земја, други земји исто така се вклучени на турнирот. Неверојатна одговорност. Ова беше со мене неколку години, секој ден, така што сега се чувствувам многу подобро, рече Попович.
Седумдесет и двегодишниот кошаркарски стручњак го презеде американскиот тим во 2015 година. Во 2019 година, Американците завршија на седмото место на Светското првенство во Кина.
Како тренер на Сан Антонио, Попович пет пати стана шампион во НБА. зс/