• сабота, 23 ноември 2024

Граѓаните со ниски приходи можат да аплицираат за субвенционирање на сметката за електрична енергија до крај на месецов

Граѓаните со ниски приходи можат да аплицираат за субвенционирање на сметката за електрична енергија до крај на месецов

Скопје, 15 февруари 2023 (МИА) - Министерството за економија информира дека и во 2023 година продолжува со субвенционирање на сметката за електрична енергија за домаќинства со ниски приходи и ги повикува граѓаните да аплицираат до крајот на месецот.

Јавниот повик за оваа мерка беше објавен на 27 јануари на веб - страницата на Министерството за економија и ќе трае до крајот на февруари. Како што истакнуваат од Министерството за економија, за оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари, а ќе се субвенционираат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на домаќинствата во зависност од вкупните месечни приходи кои ги остваруваат. сст/ац/

Остани поврзан