Графити-галерија на отворено во Куманово
- Младите од Куманово уживаат во шаренилото на графитите во комплексот згради во близина на средното училиште „Перо Наков“. Десетмина уметници од државата цртаа графити во убава атмосфера просл

Куманово, 24 мај 2021 (МИА) - Младите од Куманово уживаат во шаренилото на графитите во комплексот згради во близина на средното училиште „Перо Наков“. Десетмина уметници од државата цртаа графити во убава атмосфера проследена со музика на третиот фестивал кој оваа година се одржува со поддршка на Општината. Учесниците велат дека се обидуваат на секој начин да го разубават градот и да поттикнат да се развие оваа современа уметност и дел од урбаната култура. Секој со својата приказна, понекогаш испреплетена со идејата на колегите ги разубавија ѕидовите на зградите на комплексот од „К4“ од „Октомвриска револуција“. Шаренилото од бои и контрасти ќе го разбие сивилото во градот, сметаат младите.

Младен Трендевски, еден од организаторите на манифестацијата веќе неколку години го разубавува Куманово. Тој е еден од творците на преубавите графити кај основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, простор каде што време поминуваат генерации млади кумановци, фотографирајќи се за социјалните мрежи.



