• недела, 22 декември 2024

Град Скопје продолжува со реализацијата на проектите од програмата „За модерно Скопје“

Град Скопје продолжува со реализацијата на проектите од програмата „За модерно Скопје“

Скопје, 27 мај 2024 (МИА) - Градот Скопје продолжува со реализацијата на проектите од програмата „За модерно Скопје“ за подобрување на водоводната мрежа за подобро водоснабдување. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со екипи од секторот за уредување и планирање и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“, денеска извршија увид на отпочнување на изградбата на водоводна мрежа на втората фаза на улицата Антон Попов во општината Гази Баба, информираат од Град Скопје.

Оттаму појаснуваат дека станува збор за потегот од крстосницата со улица „1635“ до бензинска пумпа на Лук Оил со вкупна должина од 700 метри и изградба на нова мрежа со поголем профил.

Со новата водоводна мрежа, се обезбедува подобро водоснабдување за жителите од овој дел од градот, се решава повеќедеценискиот проблем со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефекти на водоводната мрежа. сст/дма/

фото Град Скопје

 

 

 

Остани поврзан