• понеделник, 23 декември 2024

Град Скопје: Потребна е итна интервенција од Владата за решавање на проблемот со енергетската криза

Град Скопје: Потребна е итна интервенција од Владата за решавање на проблемот со енергетската криза
Скопје, 8 февруари 2022 (МИА) - Енергетската криза и проблемите со кои се соочуваат скопските општини во функционирањето, трошоците за електрична енергија за редовно работење на општините, основните и средните училишта, уличното осветлување кои значително се зголемени некаде и за над 500 отсто особено во општините кои немаат активни договори за снабдување со електрична енергија. За овие теми се дискутираше на денешната средба на Координативното тело на градоначалници на Град Скопје. - Дел од градоначалниците истакнаа на седницата дека покрај наследените милионски долгови, сега со зголемување на цената на електричната енергија, сметките за електрична енергија буквално ги „јадат“ редовните општински буџети, кои чинат милиони евра на сметка на капиталните проекти кои се во интерес на граѓаните, посочи градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на денешното Координативно тело на градоначалници. Како што соопшти Град Скопје, на средбата беше истакнато дека помалите општини речиси целосно го имаат истрошено делот на редовниот буџет само за сметките за електрична енергија , а најголемиот дел од општините имаат средства за покривање на само уште неколку сметки, по што ќе недостигаат средства за реални проекти за граѓаните. -На Координативното тело на градоначалници се донесе заклучок дека во ситуација кога цените на електричната енергија растат, а одредени дотации кон општините кои доаѓаат од централната власт се дури и намалени, се потешко ќе биде функционирањето на општините, па од тие причини потребна е итна интервенција од страна на Владата и надлежните министерства за решавање на енергетската криза со која се соочуваат општините во Градот Скопје, за што ќе биде побаран и состанок, се наведува во соопштението од Град Скопје. мд/са/

Остани поврзан