• петок, 05 декември 2025

Град Скопје: Инспекциските надзори поврзани за градби се надлежност на општините, оттука и одлуките за отстранување нелегални објекти се нивни

Град Скопје: Инспекциските надзори поврзани за градби се надлежност на општините, оттука и одлуките за отстранување нелегални објекти се нивни

Скопје, 15 мај 2025 

Почитувани,

Во недостиг на решителност за справување со констатираните незаконитости за кои градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ декларативно се заложија дека ќе прават „системски ресет“ на општеството почнувајќи од проверка на угостителски објекти и отстранување на оние кои не ги исполнуваат законските и безбедносни норми, се погласни се шпекулациите кои тие ги пуштаат низ јавноста дека градот Скопје вршел притисоци за рушење на објекти по секоја цена.

Би сакале да ги информираме угостителите, но и граѓаните дека градот Скопје нема ингеренции и е единствената единица на локална самоуправа во Македонија која по закон нема градежна инспекција ниту пак врши инспекциски надзори над угостителски објекти. Таа обврска е на општините. Оттука би сакале да посочиме дека градот Скопје единствено разгледува елаборати за поставување на урбана опрема, кои може да ги одобри или да ги одбие во управна постапка или да ги врати на доработување. Инспекциските надзори поврзани за градби се надлежност на општините, а оттука и одлуките за отстранување на нелегални објекти е нивна. 

Би сакале да ја информираме јавноста, угостителите и граѓаните дека шпекулациите за наводен притисок од страна на град Скопје за рушење на објекти е целосно неточна. Ги охрабруваме граѓаните дека доколку бидат соочени со вакви информации, или доколку некој ги убедува дека имаат налог од градот Скопје за рушење, истото да го пријават во МВР и во градот Скопје за да поднесеме соодветна пријава. Овие рекетарски шеми на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Скопје е недозволиво.


Град Скопје 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан