• понеделник, 23 декември 2024

Градски паркинг со санкции за 80 непрописно паркирани возила на јавни површини

Градски паркинг со санкции за 80 непрописно паркирани возила на јавни површини
Скопје, 18 февруари 2022 (МИА) - Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 80 возила од јавни површини, информираат од Град Скопје. Непрописно паркираните возила, се вели во соопштението, се отстранети по налог на сообраќајната полиција,  по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице. Од ЈП „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта, додека сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата кое може да се изврши преку СМС порака или со картичка. аа/са/

Остани поврзан