• петок, 05 декември 2025

Градскиот пливачки базен „Капри“ во Велес пуштен за капење

Градскиот пливачки базен „Капри“ во Велес пуштен за капење

Велес, 27 јули 2025 (МИА) – По целосното надворешно и внатрешно уредување на базенот и објектите околу него и под него и комплетна замена на пумпите и вентилите за вода новиот закупец, скопската фирма „Луксор Оптик“ денеска го пушти во употреба Градскиот пливачки базен „Капри“ во Велес.

Со една купена карта  граѓаните имаат можност за  дневно капење од 10 до 18 и ноќно капење од 20 до 23 часот.

На отворањето на базенот синоќа му претходеше голема  забава на која присутните од Велес, Скопје и други градови ги забавуваше српската ѕвезда Џенан Лончаревиќ со неговиот бенд до доцна по полноќ.

Инаку како што информира за МИА, еден од сопствениците Ѓорѓи Василевски, сите посетители секој викенд на Градскиот базен во вечерните часови ќе имаат убава забава со познати македонски и странски ѕвезди.

Граѓаните на Велес кои денеска го посетија базенот за МИА, ни изјавија дека вредело да се чека и дека базенот ги им сите удобствија и  е пример  на модерен базен кој  е многу чист и уредено  и се околу него.

Соња Петровска посетител, ни изјави дека на Градскиот пливачки базен на кој иде со децении конечно му  е вратен сјајот како во првите години кога беше отворен во 80- те година на минатиот век.

Инаку Градскиот пливачки базен „Капри“ годинава е пуштен подоцна бидејќи сопственикот  Општината Велес многу касно го објави повикот за нов закупец  и кој на базенот по потпишување на договорот на 5  години дојде  кон средината на мај.

Воедно претходниот закупец базенот целосно го руинира и го остави во катастрофалн лоша состојба со оштетени вентили ,тоалети и се’ искршено  околу и во самиот базенот и под него, па новиот закупец мака мачеше два месеци се да уреди..

-Ние комплетно го реновиравме и коритото на базенот кое целосно го стругавме и фарбавме,  и под него извршивме целосна земена на сите искршени  пумпи и вентили под базенот..Влеговме во оваа макотрпна работа  ентузијастички и по два месеци деноноќна работа и многу вложени парични средства, среќни  сме што  успеавме да му го вратиме некогашниот  сјај и сите удобствија на Градскиот пливачки базен. На местото на стариот искршен шанк, направивме и нов шанк. Воедно  го уредивме целосно  искршените тоалети и чешми, ја заменивме старата електрика, како и старите дотраените светилки околу базенот со нови лед светилки појасни Василевски.

Инаку на базенот секое утро ќе работи и Пливачката школа за најмладите, а околу базенот работи и редовна  и екипа на спасители на вода. 

Тој најавува базенот да работи и во месец  септември, се’ додека за тоа дозволуваат временските услови. ад/ац/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан