• сабота, 27 јули 2024

Градската библиотека од Гевгелија го одбележа патрониот празник

Градската библиотека од Гевгелија го одбележа патрониот празник
Гевгелија, 4 февруари 2021 (МИА) - Со поетско ликовна колонија, која поради почитување на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19,денеска на просторот пред библиотеката, градската библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија го одбележа својот патронен празник. Во рамки на прославата на патрониот празник, поезија читаа роднокрајните автори Стефан Марковски, Жаклина Атанасова, Кирил Кангов, Стефчо Стефанов, Катерина Гогова, Димитар Арнаудов, Лилјана Пецова, Олгица Ќурчиева, Ценка Попова Милковска, Пепи Стамков, Љубица Томова и Петар Јанчев. Во просториите на библиотеката беше инсталирана изложба на дела од гевгелискиот уметник Миле Ничевски. им/aa/

Остани поврзан