• среда, 15 мај 2024

Градоначалникот Ѓорѓиевски на одбележувањето на патронатот на ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево

Градоначалникот Ѓорѓиевски на одбележувањето на патронатот на ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево

19 март 2024 

Со свежо цвеќе пред бистата на ООУ “Кузман Шапкарев” во Драчево, започна одбележувањето на патрониот празник на ова училиште. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој и самиот бил ученик во ова училиште, го честиташе 53-годишниот јубилеј, кој означува исто толку години континуиран растеж и успеси. Назначи дека за него претставува чест што сега, од позиција на градоначалник може директно да работи на унапредување на условите за учениците и вработените во ова училиште.

Инаку во ООУ “Кузман Шапкарев” со изградба на нови училници ќе биде овозможена кабинетска настава, беше изградена сензорна соба која значително го олеснува и подобрува образовниот процес на учениците со попреченост, а наскоро ова, заедно со останатите училишта низ општината ќе добие фотоволтаици, проект кој е овоможен преку потпишаниот договор на Општина Кисела Вода со Центарот за развој на Скопски плански регион.

Годинава, во ООУ “Кузман Шапкарев” настава посетуваат 695 ученици.

Општина Кисела Вода 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Кисела Вода 

 
 

 

Остани поврзан