• недела, 22 декември 2024

Градоначалникот на Мариупол: Најмалку 5.000 жители загинаа

Градоначалникот на Мариупол: Најмалку 5.000 жители загинаа
Киев, 6 април 2022 (МИА) - Најмалку 5.000 цивили загинаа во руските бомбардирања во југоисточниот украински град Мариупол, изјави градоначалникот Вадим Бојченко за време на тркалезната маса што се емитуваше денеска во живо на Фејсбук. - Се проценува дека меѓу загинатите има најмалку 210 деца, истакна градоначалникот на Мариупол. Бојченко го опиша уништувањето од војната во Мариупол, раскажувајќи ужасни детали за нападите, односно дека намерно била нападната детска болница во градот, дека театарот е намерно уништен и покрај поставените натписи „Деца“ на паркинзите на театарот. Во зградата биле засолнати повеќе од 900 луѓе. - Тоа се само неколку примери за намерно уништување на цивилното население на Мариупол, додаде градоначалникот. гт/

Остани поврзан