• петок, 10 мај 2024

Градоначалникот на Крива Паланка на средба со корисниците на социјални услуги

Градоначалникот на Крива Паланка на средба со корисниците на социјални услуги
Крива Паланка, 7 јануари 2023 (МИА) - Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денешниот празничен ден го помина со корисниците на социјални услуги, стари изнемоштени и осамени лица од трето доба.
 
- Денес во духот на христијанството, добрината и светлината во срцата на сите луѓе, го посветив за Божиќен ручек со корисниците на социјалната  услуга Помош и нега во домот што општинската организација на Црвен Крст Крива Паланка го реализира заедно со Општина Крива Паланка. Со симболиката на добрината на Божиќните празнувања споделивме празнична трпеза со корисниците од Нега центар. Сите заслужуваат внимание, секој заслужува љубов, затоа сме тука за непрестајно да даруваме почит и да помагаме едни на други, рече Митовски.
 
Тој на сите сограѓани им ги честиташе Божиќните празници, посакувајќи им здравје, среќа и бериќет. ид/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан