• сабота, 21 декември 2024

Градоначалникот на Илинден Александар Георгиевски ги претстави реализираните проекти во изминатите три години

Градоначалникот на Илинден Александар Георгиевски ги претстави реализираните проекти во изминатите три години

9 декември 2024 

интегрален текст од прес-конференција: 

Почитувани,

Уште на почетокот од мојот мандат како градоначалник пред сите вам се обврзав дека ќе ја направиме нашата општина, економски атрактивна, безбедна, урбанизирана, со развиена патна и комунална инфраструктура, општина со квалитетни образовни, социјални и здравствени услуги, општина партнер на локалниот бизнис и секако општина во служба на своите граѓани.

Убеден сум дека во периодот што измина успеавме да постигнеме голем дел од овие цели, причината зашто го тврдам ова е реализацијата на нашите проекти и активности минатите 3 години, со кои ја постигнавме нашата мисија а таа е подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.

Посебно ме радува податокот дека голем дел од реализираните проекти беа предложени и спроведени во соработка токму со вас граѓаните, како приоритети, што за нас беше и обврска да ги реализираме во побрз рок а се разбира во рамките на можностите.

Со домаќинско работење и неселективен пристап кон сите граѓани и населени места,  успеавме да оствариме солидни резултати во локалниот економски развој, во патната, комуналната и енергетската инфраструктура, образованието, во детската заштита, урбанизмот, екологијата, културата, спортот и другите сфери на општественото живеење.

Особено ми е задоволство што нашето работење беше препознаено и сме една од најтранспарентните институции, чија активна транспарентност е на самиот врв во државата и сме Општина со најголем раст во изминатите три години. Почитувани сограѓани, уште на самиот почеток на мандатот во еден инклузивен процес изготвивме Стратешки план за развој на Општина Илинден 2022 – 2026 година, изминатиов период во подготовката и реализирањето на нашите годишни планови во најголем дел  работиме и се водиме токму по овој стратешки документ, кој ни беше патоказ изминатите 3 години во кои:

·         изградивме, реконструиравме, саниравме и рехабилитиравме над 150 локални улици, патишта, пешачки патеки и тротоари во должина од над 44 километри,

·         изградивме канализациони системи во вкупна должина од над 32 километри,

·          нови водоводни линии во должина од над 5.000 метри,

·         во рамки на проектот „Светла Општина Илинден“ поставени се нови линии на улично осветлување во должина од над 14 километри.

·         Истовремено во насока на зачувување на здравата и чиста животна средина успеавме да исчистиме над 100 километри отворени одводни канали, како и да засадиме над 100.000 садници во рамки на акција Илинден зелена Општина

·         Исчистени се притоа и над 30 диви депонии.

Како поважни проекти би ги издвоил:

Ø  Изградбата на Здравствен дом во Илинден кој е во финална фаза,

Ø  Изграден е кружен тек на влезот на општината, по кој општината стана веќе и препознатлива

Ø  Комплетно е реконструирана улица 532 во Марино со должина од 1.900 метри и изградена нова пешачка патека во должина од 1200 метри.

Ø  Извршена е комплетна реконструкција на локален пат Миладиновци – Бујковци со должина од 1.500 метри,

Ø  реконструиран е дел од патот Илинден- Хиподром во должина од над 700  метри,

Ø  реконструирана е една од главните улици во н.м Бунарџик со должина од 650 метри

Ø  Целосна реконструкција и санација е направена на  раскрсницата помеѓу населените места Кадино - Марино – Бунарџик - Миладиновци која е клучна во функционирање на патниот сообраќај за тој дел од населението.

Ø  Извршена е реконструкција на дел од улица 11 во  Кадино  и изградена е и пешачка патека  во должина од 300 метри

Ø  Во месноста Јака асфалтирана е главната улица со пешачка патека во должина од 350 метри

Ø  Дополнително во Јака Изградена е и улица 109 заедно со пешачка патека  од 430 метри,

Ø  На улица 2 реконструирана е пешачка патека во должина од 620 метри и изградена е нова пешачка патека која поминува преку надвозникот во Илинден во должина од 350 метри,

Ø  Реконструиран е коловозот на улица 9 и 532 во населба Илинден и Марино во должина од 815 метри заедно со пешачки патеки, 

Ø  Се започна со Реконструкција на една од главните улици во Илинден тоа е улицата 8 во должина од над 1100 метри заедно со изградба на целосно нова пешачка патека,

Ø  Се реконстрираше и улица 36 која е главна сообраќајница за локалната економска зона „Карагач“ но и главна артерија која ги поврзува населените места Ајватовци, Бунарџик, бучинци, бујковци и мршевци со населба Илинден но и дополнително со излез на автопатот Скопје -Куманово, во должина од околу 700 метри,

Ø  Изградена е улица 11 во Стопански комплекс Илинден во должина од околу 600 метри

Ø  Изградена е и улица 6 во локалитет Ограѓа во должина 120 метри заедно со пешачка патека,

Ø  Направени се и реконструкции на улиците: 13, 24, 32 и 27 во Илинден со вкупна должина од над 2000 метри,

Ø  Тековно се реконструираше во две фази и локалниот пат Кадино-Мралино во должина од 1230 метри со изградба на нова пешачка патека по целата должина,

Ø  Изградена е и трим патека со пропратна урбана опрема која се протега во ридскиот дел на општината од Ајватовци до Бучинци во должина од 5 км и е одлично место за спорт и рекреација на сите жители.

Ø  Со цел зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот континуирано се работи и на поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

Ø  За поголема безбедност извршено е санирање на сите три железнички премини на територија на Општина Илинден.

    Почитувани,

    Во делот на фекална канализација:

Ø  Изграден е колекторскиот систем Илинден – Марино во должина од над 5000 метри,

Ø  Се гради капиталниот проект за фекална канализација во месноста Плац во Илинден каде досега се изградени над 2.700 метри линија.

Ø  Изградена е фекална канализација во м.в. Ограѓе, населба Илинден во должина од 960 метри

Ø  Се започна со изградба на капиталниот проект  за изградба на фекална канализација во Кадино,каде досега се изградени над 900 метри, изградена е и канализациона мрежа во месноста Јака во должина од над 6 ипол илјади метри

Ø  Исто така во изминатиов период пуштени се во употреба и две нови пречистителни станици едната во Илинден а другата во Кадино.

Се работеше и на модернизирање и подобрување на водоводниот систем и мрежа низ цела територија на Илинден, па во таа насока:

Ø  Отворивме нова лабораторија за испитување на квалитет и контрола на водата за потребите на ЈКП Водовод Илинден,

Ø  Обновена е примарната водоводна линија на потегот Илинден -Марино во должина од над 600 метри,

Ø  Целосно е обновена и примарната водоводна линија на потегот од Марино до Кадино  со должина од над 650 метри,

Ø  Започнато е со обнова на примарна водоводна линија во н.м Кадино каде до сега се заменети цевките во должина од над 500 метри.

Ø  Набавена е специјална машина за одржување на канализациони системи во сопственост на ЈКП Водовод Илинден,

Ø  Набавена е и нова автоцистерна за отпадни води за потребите на ЈКП Водовод која деновиве ќе биде ставена и во функција.

Во делот на управување со комуналниот отпад сериозно се вложуваше во модернизација на јавното претпријтие ЈКП Илинден, па така:

Ø  Набавени се 2 специјални возила за собирање на комунален отпад,

Ø  Набавена е специјална машина рово копач,

Ø  Набавена е машина мулчар,

Ø  Набавен е камион за потребите на ЈКП Илинден

Ø  Континуирано се набавува нова опрема за ова комуналното претпријатие кое содржи (контејнери,канти за одпадоци,професионална опрема за одржување на јавната чистота итн)

Изминатиов период особено се вложуваше во подобрување на Спортската инфраструктура

Ø  За прв пат изградивме мултифункционален  спортски терен со тартан подлога и трибина  во Илинден,

Ø  За прв пат изградивме атлетска патека со тартан подлога во Илинден .

Ø  Започнавме со реконструкција на фудбалскиот стадион во Илинден

Ø  Го реконструиравме игралиштето за мал фудбал во Кадино со вештачка трева,

Ø  Го Реконструиравме и игралиштето за баскет во Кадино

Ø  Реконструирани се и 2 фудбалски игралишта за мал фудбал во Миладиновци

Ø  Исто така ги Реконструиравме игралиштата за мал фудбал и баскет во: Бујковци, Ајватовци, Бунарџик и Текија,

Ø  Изградивме ново игралиште за баскет во Бучинци, како и уште едно ново за баскет во Мршевци

Ø  За прв пат изградивме и фитнес зона теретана на отворено покрај пешачко велосипедската патека во Марино.

Почитувани,

Бевме посветени и  во делот на урбаната опрема и детските забавни паркови

Ø  Па така изградивме многу детски игралишта во населените места: Илинден, Марино, Кадино, Ајватовци, Мршевци, Текија, Бучинци, Бујковци, Миладиновци, Дељадровци и месноста Јака. Дел од нив се инклузивни и наменети и за деца со попреченост за што сум особено горд.

Ø  Изградивме и видиковец за релаксација и рекреација за жителите во населено место Бунарџик,

Ø  Реконструиравме и поставивме неколку автобуски постојки, и останата урбана опрема.

Ø  Изминативе 3 години заштитата и унапредувањето на животната средина беше наш приоритет,  за таа цел засадивме над 100.000 садници на повеќе локации низ општината

Ø  Изградивме нов парк во Дељадровци

Ø  Изградивме нов парк во Јака

Ø  Хортикултурно ги уредивме сите училишни дворови и дворови на градинки.

Ø  Поставени се за прв пат сензори за мерење на квалитетот на воздух на 5 клучни локации низ општината.

Во насока на модернизирање и подобрување на условите за настава и едукација на  учениците и наставниот кадар во основното и средното образование како и детските градинки имаме серија на проекти и активности:

Ø  Изградено и пуштено во употреба е ново подрачно основно училиште на Гоце Делчев со површина од 2400 метри квадратни во Илинден изградено според највисоки стандарди кое располага со 14 училни, наставничка канцеларија, конференциска сала, како и три простории за кујна со трпезарија.

Ø  За подобро функционирање на училиштата набавени се и смарт табли, компјутери, таблети, принтери, телевизори, ученички клупи, столчиња, опремени кабинети по хемија, биологија и други науки.

Ø  Поставени се и фотоволтаични панели на крововите во СОСУ во Илинден, ООУ Гоце Делчев и детската градинка Гоце Делчев во Марино.

Ø  За прв пат е воведен целодневен престој за учениците од прво до трето одделение во ООУ Гоце Делчев,

Ø  За прв пат отворена сензорна соба за поголема инклузија на децата со попреченост,

Ø  Целосно го реконструиравме азбесниот кров во ООУ Ристо Крле во Кадино,

Ø  Изградивме нова зграда – доградба во склоп на детската градинка Гоце Делчев во Марино во површина од 300м2.

Ø  Извршена е промена на кровот на детската градинка Гоце Делчев во Марино.

Ø  Изработивме целосно нов проект за доградба на стариот објект на ООУ Гоце Делчев

Ø  Набавивме и патничко возило комбе за потребите на образовниот процес

Ø  Изграден е паркинг и простор од 600 м2 за потребите на ООУ Гоце Делчев

Ø  Поделени се над 100 смарт таблети за ученици од социјално ранливи семејства

Ø  За најуспешните 50-тина ученици од општинските основни училишта, за прв пат изминативе три години организираме училиштен летен камп во македонските туристички центри.

 

За првпат воведовме повеќе директни субвенции кон граѓаните во разни области:

·         доделуваме еднократна парична помош за новороденче, во износ од 5,000 денари,

·         со цел да се стимулираат граѓаните почесто да ги користат велосипедите, за прв пат доделуваме субвенции за купување на велосипеди, во износ од 4,000 денари,

·         воведовме субвенции за купување на инвертер клими и соларни панели, во износ од 10.000 ден.

·          Исто така доделуваме еднократна финансиска парична помош за поддршка на младите претприемачи во износ од 6,000 ден.

·         Со цел да се поддржат и наградат спортистите кои оствариле големи успеси во делот на спортот, како и да се стимулираат останатите за постигнување големи победи на спортските натпревари, доделуваме и еднократна финансиска поддршка за спортисти во неколку категории кои се жители на општината.

Континуирано ги поддржуваме спортските клубови како и спортските и културните манифестации, каде се јавуваме како организатори или пак како покровители. Во делот на културните манифестации со големо задоволство ја организираме реномираната манифестација Денови на култура во Општина Илинден, организираме и многу ликовни изложби, фолклорни фестивали како и сме покровители на многу верски празници. Традиционално со музички настан го одбележуваме и Денот на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август“.

Во насока на унапредување на положбата на младите, развој на младинскиот сектор, нивното учество во креирање на соодветни политики, конституиран е Локален младински совет како и отворена младинска канцеларија. По повод големиот христијански празник Велигден, организираме голема хуманитарна акција која е насловена „Подај рака-хумана Општина Илинден“, наменета за социјално загрозена категорија на граѓани. На повеќе локации обезбедивме и бесплатен интернет пристап по целата должина на пешачката и велосипедската патека Марино-Кадино, културните домови, како и на фудбалското игралиште во Кадино. За прв пат почнавме да спроведуваме бесплатни агрохемиски анализи на квалитетот на обработлива почва на локации во сите населени места во општината, за поддршка на земјоделците.

Почитувани граѓани, ова е само дел од спроведените проекти во изминатиов тригодишен период за што е вложен сериозен ангажман од мене и од мојот тим. Но верувајте ова ни оддалеку не значи дека тука ќе застанеме напротив ова не мотивира и ни дава поттик  да продолжиме по истиот пат, особено во наредната четврта година од мандатот, а тоа го заслужувате вие граѓаните го заслужуваат нашите деца и идните генерации, на кои треба да им оставиме што е можно повеќе, да им создадеме што е можно подобри услови за живот.

На крајот сакам да ви се заблагодарам за досегашната доверба и поддршката што ми ја давате во моментите кога е најпотребно.

Александар Георгиевски, градоначалник на општина Илинден 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

фото: ВМРО-ДПМНЕ 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан