• понеделник, 23 декември 2024

Градоначалникот на Демир Капија се сретна со жени од рурални средини во општината 

Градоначалникот на Демир Капија се сретна со жени од рурални средини во општината 

Демир Капија, 17 октомври 2024 (МИА) - Градоначалникот на Демир Капија Лазар Петров денеска одржа консултативна средба со жени од рурални средини во општината. Како што информира попладнево локалната самоуправа, средбата ја организира ОЖ „Женско Лоби“ - Демир Капија, заедно со жените од селата Корешница, Бистренци, Прждево и населбата „клисурско маало“. Станало збор за нивните потреби, а биле разгледани и барањата за приоритетни проекти што треба да се реализираат во овие населени места за да се подобрат условите за живеење во нивните заедници.

-Градоначалникот рече дека голем дел од барањата на жените се издржани и ќе бидат земени предвид при креирањето на програмите и буџетот на општината за следната година, дека се обезбедуваат еднакви можности за сите, зашто секој заслужува пристоен живот, велат од Општината.

Според Петров, вклучувањето на жените од руралните средини во креирањето на локалните политики е од особена важност за руралниот развој и ваквата консултативна пракса ќе продолжи и во иднина. свд/мч/

Фото: Општина Демир Капија 

Остани поврзан